Линкови за пристапност

Папата вели дека мора да се стави крај на сексуалната злоупотреба од страна на свештенството


Папата Францис денеска кажа дека ќе се направат секакви напори да се обезбеди култура во Католичката црква што ќе спречи идна сексуална злоупотреба на деца како и да се осигура дека доколку таква злоупотреба се случи, да не се покрива.

Ова папата го изрази во писмо до католиците во светот како одговор на најновите откритија за злоупотреба сторена од припадници на свештенството.

Минатата недела, Големата порота на САД извести дека повеќе од 300 свештеници-предатори злоупотребувале над илјада деца во шест епархии во Пенсилванија во период од 70 години.

„Дури иако може да се каже дека повеќето случаи припаѓаат на минатото, како што изминува времето болката на многу од жртвите останува“, кажа Францис во писмото.

Тој рече дека „со срам и жалење“ Католичката црква признава дека не постапила навремено и ја сфаќа штетата сторена од злоупотребувачите врз многу луѓе.

Францис кажа дека „никаков напор за добивање прошка не е доволен за да се поправи штетата“.

Црквата долго се соочува со случаи на сексуална злоупотреба од свештенството во повеќе држави. Само изминатиов месец папата ја прифати оставката на австралискиот поглавар Кардиналот Теодор МекКарик, кој беше обвинет за сексуална злоупотреба.

Францис во писмото кажа дека се продолжува со напорите да се постапи по проблемот и да се обезбеди заштита на децата и ранливите возрасни додека во исто време сторителите на тие злоупотреби ќе бидат земени на одговорност.

XS
SM
MD
LG