Линкови за пристапност

Шестмина уапсени во наводен терористички заговор против Папата


Властите соопштија дека го уапсиле 29-годишникот петокот, само неколку часа откако приведе петорица други во рација изведена во раните утрински часови

Британската полиција уапси уште едно, шесто лице поради наводна закана по Папата Бенедикт за време на неговата историска посета на Лондон.

Властите соопштија дека го уапсиле 29-годишникот петокот, само неколку часа откако приведе петорица други во рација изведена во раните утрински часови. Ги идентификуваше уапсените како улични чистачи кои се на возраст од 26 до 50 години.

Портпаролот на Папата изјави дека тој бил информиран за инцидентот, како и дека Ватикан не ја смета ситуацијата за особено опасна.

Неколку часа пред апсењата, Папата се обрати до британските парламентарци, ламентирајќи поради маргинализацијата на верата во јавниот и политичкиот живот.

XS
SM
MD
LG