Линкови за пристапност

Помпео му честита на Заев за новата Влада


Државниот секретар на САД го сподели твитот на американската амбасадорка во Скопје Кејт Брнз, преку кој и таа му честита на премиерот

Државниот секретар на САД Мајк Помпео ѝ честита на државата како најнова НАТО членка и на премиерот Зоран Заев за формирањето нова Влада.

Помпео го сподели твитот на американската амбасадорка во Скопје Кејт Брнз, преку кој и таа му честита на Заев.

„Честитки до премиерот Зоран Заев и парламентарното мнозинство за формирање нова Влада. Како пријател и партнер, со нетрпение очекуваме да работиме со Владата на Северна Македонија, да покаже натамошен напредок во реформите за ЕУ и безрезервна заложба кон владеење на правото“, напиша Брнз на Твитер.

Денес амбасадорката се сретна со Заев за да разговараат за приоритетите на новата Влада, партнерството меѓу САД и Северна Македонија, заложбата кон НАТО и ЕУ, како и за предизвиците за справување со ковид-19.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG