Линкови за пристапност

Помпео: Иранскиот договор испушта важни безбедносни прашања


Америка може да направи разлика, вели државниот секретар на САД, во интервју за Персиската редакција на Гласот на Америка

Државниот секретар на САД Мајк Помпео, вели дека Иран е особено важна држава, нагласувајќи ги напорите на администрацијата на претседателот Доналд Трамп да се стави крај на Иранската нуклеарна програма.

„Ова е нешто што претседателот го виде како сериозна закана за стабилноста на Блискиот Исток, и оттаму за американската национална безбедност. Верува дека Америка може да направи разлика“, рече Помпео, во ексклузиво интервју за Персиската редакција на Гласот на Америка.

Помпео вели дека новата предложена безбедносна рамка опфаќа важни прашања, кои биле испуштени во првичниот Договор

„Иницијалниот договор беше многу лимитиран. Беше напор да се каже дека иранскиот режим троши многу пари за нуклеарна програма, и оти сака тоа да го стопира, но, заканата од Иран е многу поголема. Тие лансираат проектили во муслимански држави, и им ги одземаат основните човекови права на граѓаните“, изјави Помпео, додавајќи дека администрацијата на Трамп не пристиска за промена на режимот во Иран, туку за заштита на иранскиот народ кој, како што вели тој, не сака ништо друго, туку да го живее својот живот.

Шефот на американската дипломатија истака дека неговиот тим работи секојдневно на ослободување на американските граѓани, моментално затворени во Иран, и верува дека Иранците заслужуваат да ја слушнат вистината за раширената корупција во нивната држава.

„Иранците ќе можат сами да пресудат дали сакаат одредени лица да ја водат нивната држава“, рече Помпео.

Тој најави дека Вашингтон планира наскоро да организира средби со сојузниците, со цел да се утврдат следните чекори за справување со Иранскиот нуклеарен договор.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG