Линкови за пристапност

Помпео: САД и ЕУ треба заеднички да ѝ се спротивстават на Кина


Американскиот државен секретар Мајк Помпео повика САД и Европската унија да развиjат заедничко разбирање за Кина со цел да создаде ефективна стратегија за отпор кон растечката економска моќ на Пекинг.

Забелешките, дадени во четвртокот на настан чиј домаќин беше Германскиот маршалов фонд, следеа откако Помпео ја објави својата намера да му придружи на европскиот министер за надворешни работи, Јосеп Борел, во Европа овој месец на дискусии во врска со Кина.

Помпео рече дека дијалогот ЕУ - Кина е неопходен не само за да се заштитат американските интереси, туку да се заштити економијата на блокот од нападите од страна на Кина.


Преку видео-врска, Помпео ја истакна билатералната природа на акциите, наведувајќи дека „ова не е соочување на САД со Кина, туку соочување на светот со Кина“.

ЕУ претходно изрази загриженост поради наводите за предаторски трговски практики на Кина и наводите за кражба на интелектуална сопственост.

ЕУ, најголемиот трговски блок во светот, во понеделникот оствари разговори со кинеското раководство, наводно, вршејќи притисок врз Кинезите да ги обноват напорите за преговори за трговски договор и зголемени инвестиции во ЕУ.

Во својот говор на Бриселскиот форум, Помпео рече дека дијалогот ЕУ - Кина е неопходен не само за да се заштитат американските интереси, туку да се заштити економијата на блокот од нападите од страна на Кина.

Тој, исто така, рече дека се надева оти неговите претстојни разговори со лидерите на ЕУ за ова прашање ќе обезбедат „катализатор за дејствување“.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG