Линкови за пристапност

Помпео се сретна со министрите за надворешни работи на Ерменија и Азербејџан


Целта е да понуди помош да се стави крај на конфликтот во Нагорно-Карабах

Државниот секретар на САД Мајк Помпео денес во Вашингтон се сретна со министрите за надворешни работи на Ерменија и Азербејџан, за да понуди помош да се стави крај на речиси едномесечните интензивни борби во Нагорно-Карабах.

Средбата беше закажана по два неуспешни руски обидa да се издејствува прекин на огнот во најлошиот конфликт во регионот за повеќе од еден четврт век.

Помпео им се приклучи на другите светски лидери во вршење притисок да се стави крај на борбите за спорната територија.

Кусо пред средбата во Вашингтон, пак, турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган рече дека се надева оти ќе соработува со Русија да се реши конфликтот.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG