Линкови за пристапност

Да се ослободат сите политички затвореници во Белорусија, повика Помпео


САД го осудуваат продолженото апсење на политички затвореници во Белорусија, изјави државниот секретар Мајк Помпео.

„Повеќе од 100 политички затвореници, во моментов, се упасени поради практикување на нивните човекови права и фундаментални слободи, преку мирно учество на протести, повикувајќи на слободни и фер избори, и повикувајќи на национален дијалог да се стави крај на актуелната криза“, соопшти Помпео.

Тој додаде дека „овие политички затвореници се предмет на тешки и опасни по живот затворски услови, вклучувајќи кредибилни извештаи за тортура. Тие се меѓу оние илијадници лица, кои беа неосновано упасени од почетокот на насилствата“.

Помпео нагласи дека САД стојат зад сите оние кои остануваат уапсени, оние што биле убиени, како и зад оние кои продолжуваат мирно да ги изразуваат нивните права на избор на лидери при фер и слободни избори.

„Уште еднаш ги повикуваме белоруските власти да ја спречат ескалираната употреба на сила против мирни демонстранти, да ги ослободат сите политички затвореници и други мирни демонстранти кои биле упасени“, порача државниот секретар на САД.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG