Ембаргото за оружје за Иран истекува на 18 октомври, и Советот за безбедност на ОН има избор да застане во поддршка на меѓународниот мир и безбедноста, рече државниот секретар на САД Мајк Помпео.
„Или да дозволи ембаргото за оружје за Исламската Република Иран да истече, изневерувајќи ја мисијата на ОН и нејзините идеали, кои сите се обврзавме дека ќе ги почитуваме“, рече Помпео, нагласувајќи дека ако не се реагира, Иран, меѓудругото, ќе биде слободен да купи руски борбени авиони, како и да ги поддржува конфликтите во Венецуела, Сирија и Авганистан.
Помпео ја поздрави неодамнешната изјава на Обединетото Кралство, Франција и на Германија, кои изјавија дека отстранувањето на ембаргото би довело до големи последици врз регионалната безбедност и стабилност.
„Ја поздравувам и поддршката од 400 членови на Конгресот на САД за мојата дипломатија за продолжување на ембаргото за оружје“, рече тој.
Помпео го повика Советот за безбедност на ОН да ја одбие иранската дипломатија на уценување, потенцирајќи дека обновувањето на забараната ќе придонесе за поголем притисок врз Техеран да почне да се однесува како нормална нација.
„Ајде да се придржуваме до мисијата на ова тело да ги адресираме заканите кон меѓународниот мир и безбедност, наметнати од Исламската Република Иран. Ајде да презмеме вистинска акција во име на Советот, преку продолжување на забраната за оружје“, рече Помпео.
Facebook Forum