Линкови за пристапност

Се надевам оти договорот меѓу Израел и Обединетите Арапски Емирати ќе го зголеми мирот на Блискиот Исток, рече Помпео


Државниот секретар на САД ја истакна важноста за справување со иранското малигно влијание во регионот

Државниот секретар на САД Мајк Помпео рече дека се надева оти неодамнешниот договор меѓу Обединетите Арапски Емирати и Израел ќе помогне да се зголеми мирот на Блискиот Исток.

Помпео отпатува во посета на повеќе држави неделава, како што администрацијата на Трамп повикува и други арапски држави да ги следат Обединетите Арапски Емирати во нормализирање на односите со Израел.

Тој изјави дека зборувал со официјални лица на Бахреин за „важноста од обединетост на Заливот и за справување со иранското малигно влијание во регионот“.

Помпео се сретна со принцот Салман бин Хамад Ал Калифа во Манама.

При посетата на Абу Даби, пак, Помпео се очекува да разговара за договорот меѓу Обединетите Арапски Емирати и Израел, кој беше потпишан на почетокот на овој месец, со цел да се нормализираат нивните односи.

Тој вчера беше во посета на Судан каде, според изјавата на портпаролката на Стејт департмент Морган Ортагус, Помепо разговарал за натамошно продлабочување на билатералните односи Израел - Судан.

Помпео го почна неговото патување во понеделникот во Израел, откако Вашингтон посредуваше во постигнување на договорот меѓу Израел и Обединетите Арапски Емирати.

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху го нарече договорот нова ера за регионот, додека палестинскиот претседател Махмуд Абас изјави дека договорот е предавство за Палестинците.

Помпео, исто така, ќе го посети Оман на крајот на ова патување.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG