Државниот секретар Мајк Помпео рече дека нема да се бори за место во Сенатот во неговата сојузна држава Канзас.
„Јас сум тука, и ми се допаѓа“, изјави Помпео во интервју за телевизијата Ен-Би-Си.
Помпео, поранешен конгресмен од Канзас и директор на Централната разузнавачка агенција (ЦИА), потврди дека бил прашан од лидерот на републиканското мнозинство во Сенатот Мич Меконел дали би сакал да влезе во трка на изборите во 2020-та година.
Помпео изминативе неколку месеци, во бројни интервјуа, истакна дека не планира да замине од Стејт департмент во блиска иднина.
„Ќе бидам државен секретар се` додека претседателот Доналд Трамп ми даде можност да служам како американски дипломат“, рече Помпео.
Facebook Forum