Линкови за пристапност

Помпео ги предупреди сојузниците од Источна Европа за влијанието на Русија и Кина


Не смееме да дозволиме рускиот претседател Владимир Путин да создаде непријателство меѓу пријателите и НАТО, рече државниот секретар на САД

Државниот секретар на САД Мајк Помпео ги предупреди НАТО сојузниците Словачка и Унгарија, дека Русија и Кина се обидуваат да го пополнат политичкиот вакуум во Централна Европа како резултат на, како што вели тој, отсуството на САД во овој регион изминативе години.

Денес од Братислава Помпео рече дека САД се нивен пријател веќе три децении, додека вчера во Будимпешта го повика унгарскиот колега да понуди поголема поддршка за Киев, по анексијата на Крим и инвазијата на источниот дел на Украина.

„Зборував со министерот за надворешни работи за итната потреба од поддршка на Украина во нејзината борба за суверенитет и територијален интегритет. Не смееме да дозволиме рускиот претседател Владимир Путин да создаде непијателство меѓу пријателите и НАТО. Унгарците знаат дека авторитарна Русија никогаш нема да биде пријател на слободата и суверенитетот на помалите држави“, рече Помпео.

Тој, исто така, ги искритикува унгарските контакти со кинеската компанија Хуавеи, што САД сметаат дека може да била инволвирана во шпионажа.

„Ако таа опрема е лоцирана на места каде има важни американски системи, ја отежнува ситуацијата за нас да бидеме нивен партнер. Сакаме да ги откриеме ризиците поврзани со користењето на таа опрема“, изјави Помпео.

Портпаролот на Кинеското министерство за надворешни работи изјави дека „САД се обиделе да фабрикуваат различни видови теории за закана од Кина“.

Државниот секретар утре патува за Полска, каде ќе учествува на дводневен Самит за Блискиот исток, со фокус на Иран.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG