Државниот секретар на САД Мајк Помпео му посочил на рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров дека САД и државите во регионот нема да чекаат залудно додека Русија поттикнува тензии во Венецуела.
„Постојаното испраќање на руски воен персонал да го поддржи нелегитимниот режим на Николас Мадуро во Венецуела ризикува да се продолжи страдањето на венецуелскиот народ, кој во мнозинство го поддржува привремениот претседател Хуан Гуаидо“, соопшти портпаролот на Стејт депарментот.
Помпео ја повика Русија да стави крај на неконструктивното однесување и да им се придружи на останатите држави кои се залагаат за подобра иднина на граѓаните на Венецуела.
Facebook Forum