Линкови за пристапност

Кој е Мајк Помпео?


Новономинираниот шеф на американската дипломатија, во моментов е директор на ЦИА, функција што ја врши од 2017-та година

Новиот државен секретар Мајк Помпео, претходно беше долгогодишен конгресмен и поранешен воен офицер. Работел во Комисијата за разузнавање во Претставничкиот дом, и е познат како истакнат член на Комисијата специјално формирана за истрага по терористичкиот напад во Бенгази, Либија во 2012-та.

Педесет и четири-годишниот Помпео е роден во Калифорнија. Дипломирал на Воената академија Вест поинт, а потоа право на Универзитетот Харвард. Кусо време работел како приватен адвокат, по што ја основал „Тејер аироспејс“, компанија за производство на делови за воени авиони.

Подоцна, новономинираниот шеф на американската дипломатија, станал директор на компанијата „Сентри интернешнал“, компанија за снабдување на нафтени полиња.

За конгресмен од сојузната држава Канзас, беше избран во 2010-та година.

Претседателот Доналд Трамп го назначи на чело на ЦИА во 2017-та.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG