Државниот секретар на САД Мајк Помпео денес се среќава со чешкиот премиер Андреј Бабиш во Прага.
Фокус на разговорите е соработка за нуклеарна енергија и иницијативата „Три мориња“, чија цел е да се промовира поврзаноста на државите во Централна и Источна Европа, преку инфраструктура, енергија и дигитални проекти.
Името на иницијативата доаѓа од трите мориња кои го граничат регионот - Балтичкото, Црното и Јадранското Море.
Помпео е закажан да зборува и во чешкиот Сенат за билатералните врски и надворешната политика.
Државниот секретар претходно се сретна со лидери на технолошки компании од САД и Чешка, за да ги истакне бенефитите од американските инвестиции.
Според Стејт департмент, целта на оваа дискусија била да се потенцираат САД како атрактивна дестинација за инвестирање на чешките старт-ап компании.
Facebook Forum