Американскиот државен секретар Мајк Помпео следната недела патува за Ватикан, Црна Гора, Северна Македонија и Грција, објави Стејт департментот.
За време на посетата на Италија, ќе се сретне со Папата Францис и ќе учествува на меѓуверски симпозиум организиран од Ватикан. Во Рим ќе има средби со претседателот Матарела, премиерот Конте и министерот за надворешни работи Ди Мајо.
Во Црна Гора ќе има средби со претседателот Ѓукановиќ, премиерот Марковиќ и министерот за надворешни работи Дармановиќ.
Во Северна Македонија, ќе има средби со претседателот Пендаровски, премиерот Заев. Во Охрид ќе го посети манастирскиот комплекс „Св. Богородица Перивлепта“.
Од Северна Македонија заминува за Атина, Грција, каде ќе се сретне со премиерот Мицотакис и шефот на дипломатијата Дендиас.
Facebook Forum