Линкови за пристапност

Помпео ја откажа средбата со Меркел


Државниот секретар на САД, Мајк Помпео го откажа планираниот состанок со германската канцеларка Ангела Меркел во Берлин.

Стејт департментот соопшти дека разговорите кои биле закажани за в четврток морале да бидат презакажани поради „проблематични прашања“ без да дадат дополнителни детали.

Во соопштението се наведува дека Помпео очекува наскоро да го посети Берлин и да го одржи „значајните состаноци“.

Не беше соопштено дали промените во распоредот на Помпео ќе влијаат на неговата планирана посета на Британија и на Гренланд.

XS
SM
MD
LG