Линкови за пристапност

Ја поздравуваме заложбата на Северна Македонија за транспарентност и владеење на право, рече Помпео во честитката за Денот на независноста


Оваа година ѝ честитаме на Северна Македонија што стана 30. членка во НАТО, и за напредокот што го направи на нејзиниот пат кон ЕУ, рече државниот секретар на САД

Државниот секретар Мајк Помпео ѝ го честита Денот на независноста на Северна Македонија во име на САД и на американските граѓани.

„Оваа година ѝ честитаме на Северна Македонија што стана 30. членка во НАТО, и ја поздравуваме заложбата на државата кон регионалниот и глобален мир и безбедност, кои се рефлектирани во ова огромно достигнување“, рече Помпео.

Тој вели дека САД се охрабрени од напредокот што државата го направила на нејзиниот пат кон членството во ЕУ, и оти ќе продолжат да ги поддржуваат нејзините напори за европска интеграција.

„Неодамнешните парламентарни избори во Северна Македонија беа мирни и успешни во невидени услови, и ја поздравуваме вашата заложба кон демократските идеали, транспарентност и зацврстување на владеење на правото. Вашите успеси ќе помогнат во формирање на идната насока на регионот на Западен Балкан“, рече Помпео.

Тој додаде дека САД се цврт сојузник на Северна Македонија, посакувајќи им безбедност и здравје на сите граѓани „како што работиме заедно да ги надминеме предизвиците со пандемијата на ковид-19“.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG