Државниот секретар на САД Мајк Помпео денес го посети Лондон, откако Иран рече дека ќе престане да почитува делови од Нуклеарниот договор, од кој САД се повлекоа пред една година, а кој го спречува Иран да произведува нуклеарна енергија во рок од 15 години.
Помпео ќе разговара за Иран со британската премиерка Тереза Меј и со министерот за надворешни работи Џереми Хант, и се очекува да предложи „специјална релација“ меѓу двајцата сојузници, откако Британија ќе излезе од Европската Унија.
Помпео отпатува во Лондон откако ја откажа посетата на Германија, со цел да оствари ненајавена посета на Багдад, каде ги предупреди иранските официјални лица за можни напади врз американските интереси на Блискиот исток.
Иранскиот претседател Хасан Рухани денес најави дека државата ќе престане да спроведува два дела од договорот. Админситрацијата на Трамп и натаму бара Техеран да се придржува до договорените обврски.
Facebook Forum