Линкови за пристапност

Помпео: Новото лидерство на Ел Салвадор се одлучи за партнерство со САД


Американскиот државен секретар ја поздрави и одлуката на Ел Салвадор да не го признае режимот на Мадуро

Претседателот на Ел Салвадор Наиб Букеле го поздрави новото поглавје во државните односи со САД, заблагодарувајќи се за средбата со американскиот државен секретар Мајк Помпео, кој е прв висок официјален преставник на САД што ја посетил оваа држава во изминативе десет години.

Помпео, пак, му возврати со пофалба за промената на односите кон САД.

„Новото лидерство на Ел Салвадор јасно се одлучи за борба против корупцијата и промоција на правда и партнерство со САД. Граѓаните на двете држави ќе ги уживаат овие придобивки“, рече Помпео.

Тој, исто така, ја поздрави одлуката на Ел Салвадор да не го признае режимот на Мадуро.

Претседателот на Ел Салвадор, пак, обраќајќи се на англиски јазик, рече дека состанокот со Помпео бил од големо значење.

„Разговарме за справување со бандите, за забрана на наркотици, како и за намалување на имиграцијата“, истакна Букеле, додавајќи дека не гледа лошо на ставањето крај на поддршката од САД за Ел Салвадор Хондурас и Гватемала, бидејќи сакал да се поправат условите за живот дома, без да има потреба од парична помош од други држави.

Пред да отпатува во Ел Салвадор, Помпео се сретна со мексиканскиот министер за надворешни работи Марсело Ебрард, додека претходно оствари средба со претседателот на Еквадор Ленин Морено.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG