Линкови за пристапност

Директорот на ЦИА се сретнал со севернокорејскиот лидер


На средбата на Мајк Помпео со Ким Јонг Ун се гледа како на почеток на директни разговори

Американскиот претседател Доналд Трамп, вели дека САД започнале директни разговори на високо ниво со Северна Кореја.

Директорот на Централната разузнавачка агенција (ЦИА) Мајк Помпео, неодамна отпатувал во Северна Кореја за да се сретне со лидерот Ким Јонг Ун.

Властите велат дека тајната средба била подготовка за можните разговори меѓу Трамп и Ун.

Според Вашингтон пост, кој прв ја објави веста, средбата се случила за време на Велигденскиот викенд, веднаш откако шефот на ЦИА беше номиниран за функцијата државен секретар.

Портпаролката на Белата куќа Сара Хакаби Сандерс, рече дека Трамп и Ун се` уште немале директни разговори.

Трамп планира средба со него до почетокот на јуни, со цел да се натера Северна Кореја да ја прекине својата програма за нуклеарно оружје, што претставува закана за САД и нивните сојузници во регионот.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG