САД ќе продолжат со истрагата за убиството на новинарот Џамал Кашоги, изјави државниот секретар Мајк Помпео, кој додаде дека „Америка не го прикрива убиството“.
Говорејќи во американската амбасада во Будимпешта, Унгарија, Помпео кажа дека Вашингтон „ќе продолжи да презема други акции“ како одговор на „трагичното“ убиство на Кашоги и покрај тоа што беше пропуштен рокот поставен од Конгресот за да се утврди кој е одговорен за убиството кое беше извршено во октомври во саудискиот конзулат во Истанбул.
Американскиот Конгрес постави рок до 8-ми февруари за да утврди вината за злосторството.
„Њујорк тајмс“ минатата недела објави дека саудискиот престолонаследник Мухамед Бин Салман во 2017-та година рекол дека ќе употреби „куршум“ за Кашоги ако тој не се врати дома и не престане со критиката за саудиската влада.
Министерот за надворешни работи на Саудиска Арабија, Адел Ал Џубеир одби да го коментира написот, но пред новинарите во Вашингтон изјави дека принцот Мухамед Бин Салман не наредил Кашоги да биде убиен.
Facebook Forum