Линкови за пристапност

Помпео: Народот на Венецуела го кажа своето


Државниот секретар на САД е на турнеја во Јужна Америка, а кризата во Венецуела е меѓу главните теми на разговорите

Асунсион, Парагвај - На прашањето на новинарот на Гласот на Америка, Гизел Тобиас како да им се објасни на венецуелскиот народ кој е вистински претседател ако се има предвид дека некои се` уште плаќаат даноци на владата на Николас Мадуро, државниот секретар на САД Мајк Помпео одговори:

„Ова е важно прашање, на кое граѓаните на Венецуела веќе одговорија. Светот ги виде лажираните избори кои на Мадуро му дадоа лажен авторитет. Во моментот покрај граѓаните на Венецуела и 54 држави не го признаваат Мадуро за легитимен лидер. Тој се` уште има контрола врз власта, но народот го кажа своето и знаеме што сака.

Мадуро и неговите приврзаници ја уништија нацијата, а народот на Венецуела тоа јасно го гледа. Тие му дадоа власт на Националното собрание, на Хуан Гуаидо кој ќе ја врати вистинската демократија и просперитет во Венецуела.

Ова е богата нација, нација на луѓе кои се вредни и работни. Она што им треба е лидер кој ќе им помогне, кој нема да биде корумпиран, да не ја предаде моќта на Кубанците и нема да бара спас во руска интервенција. Новото раководство ќе го стори тоа. САД се подготвени да го поддржат не само народот на Венецуела, туку и сите држави во регионот.

Запрашан што ако Мадуро продолжи да ја држи воената моќ, дали во таков случај САД имаат друга стратегија, Помпео одговори:

„Стратегијата не е само американска, туку е стратегија на Венецуела. Обединетите опозициони групи беа јасни дека она што го прави режимот на Мадуро е неприфатливо. Тие му дадоа на Хуан Гуаидо овластување да го преземе раководството. Нема да има американско решение за проблемот, ќе има решение кое ќе го избере венецуелскиот народ.“

Осврнувајќи се на прашањето за поддршката на Русија и Кина за Мадуро и дали ова може да доведе до зголемени тензиите помеѓу Вашингтон и Кремљ, државниот секретар на САД рече:

„Впечатливо е кога некои од соработниците на Мадуро зборуваат за интервенција во Венецуела. Русите ќе речат дека Американците не треба да интервенираат во Венецуела. Мислам дека тоа е смешно да се каже, затоа што Кубанците сега раководат со безбедносниот апарат. Ако сте биле воен лидер во Венецуела, би бил засрамен од тоа. Граѓаните на Венецуела сакаат сопствена безбедност, сопствена демократија“ кажа Помпео.

(Гизел Тобиас)

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG