Државниот секретар на САД, Мајк Помпео го обвини шефот на кинескиот телекомуникациски гигант Хуавеи дека лажел за односите на неговата компанија со владата во Пекинг.
Помпео во изјава за „Си-Ен –Би-Си“ дека Хуавеи е поврзан не само со владата, туку и со Комунистичка партија на Кина. Тој рече дека постоењето на овие врски ги става американските информации во ризик.
Хуавеи, најголемиот производител на телекомуникациска мрежа во светот, е лидер во 5Г технологијата и се обидува да добие договори за изградба на глобална мрежа.
Facebook Forum