Линкови за пристапност

Кина претставува поголема глобална закана отколку Советскиот сојуз за време на Студената војна, предупреди Помпео


Кинеската комунистичка партија е присутна во нашите економии, политики и општества, на начини на кои Советскиот сојуз никогаш не бил, рече државниот секретар на САД при посетата на Чешка

Државниот секретар на САД Мајк Помпео изјави дека економската моќ на Кина, на некои начини, претставува поголема глобална закана, отколку Советскиот сојуз за време на Студената војна.

„Предизвикот за справување со заканата од Кинеската комунистичка партија, на некои начини е многу потешко“, рече Помпео во говор пред Сенатот на Чешката Република, додавајќи:

„Кинеската комунистичка партија веќе е присутна во нашите економии, политики и општества, на начини на кои Советскиот сојуз никогаш не бил“.

Забелешките на Помпео уследија откако минатиот месец, кинескиот амбасадор во Лондон ги обвини САД за предизвикување конфликт со Пекинг, пред претседателските избори во ноември.

Односите САД-Кина уште повеќе се нарушија изминативе месеци, околу справувањето на Пекинг со коронавирусот, Законот за национална безбедност на Хонгконг, како и околу активностите во Јужното Кинеско Море.

Предходно, Помпео разговараше со чешкиот премиер Андреј Бабиш, на неговиот втор ден од еднонеделното патување во Централна Европа.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG