Линкови за пристапност

Помпео најави нови рестрикции за кинеските дипломати во САД


Државниот секретар рече дека администрацијата ќе бара од Кинеската влада соодветно да ги идентификува сите владини социјални медиуми

Стејт департмент воведе нови рестрикции за кинеските дипломати кои работат во САД.

Согласно новите правила, кои вчера ги најави државниот секретар Мајк Помпео, кинеските дипломати мора да добијат претходно одобрување за да посетат универзитетски кампуси, да се сретнат со локални официјални лица, или да организираат културни настани надвор од Кинеската амбасада или конзуларни претставништва, ако публиката е поголема од 50 луѓе.

Помпео, исто така, рече дека администрацијата ќе бара од Кинеската влада соодветно да ги идентификува сите владини социјални медиуми.

Државниот секретар рече дека воведување на слични правила за американските дипломати кои работат во Кина, е причина поради која САД ги вовеле рестрикциите за кинеските дипломати.

Кинеската амбасада во Вашингтон објави соопштение, во кое вели дека овој потег претставува „уште една неоснована рестрикција и пречка“ за нивниот дипломатски персонал.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG