Линкови за пристапност

Американскиот државен секретар во прва посета на Азија


По Малезија, Помпео ќе ја посети Џакарта, Индонезија

Американскиот државен секретар Мајк Помпео е во Малезија, на прва посета на Азија чиј фокус е на промовирање на слободната трговија и притисокот врз Северна Кореја да се откаже од нуклеарното оружје.

„Ние сме загрижени дека Северна Кореја ги заобиколува санкциите и не ги исполнува своите обврски“, изјави висок официјален претставник на Стејт департментот кој патува со Помпео.

По средбата на претседателот Доналд Трамп со севернокорејскиот лидер Ким Јонг Ун во јуни, официјалните претставници на САД се оптимисти дека Пјонгјанг ќе се откаже од своето нуклеарно оружје, иако нема докази дека тие го започнале тој процес.

Загриженоста за нуклеарна и ракетна активност во Северна Кореја се зголеми откако весникот „Вашингтон пост“ во вторникот објави дека американските разузнавачки служби веруваат дека Пјонгјанг продолжува да гради проектили во истиот објект што се користел за изградба на интерконтинентални проектили, способни да стигнат до источниот брег на САД.

Според висок претставник на Стејт департментот, Северна Кореја се очекува да биде главна тема на Помпео со неговите колеги на самитот на АСЕАН во Сингапур. Таму Помпео најверојатно ќе ги притисне останатите држави да продолжат со притисокот кон Пјонгјанг.

Помпео, исто така, се очекува да разговара за конфликтите во Јужното Кинеско Море, кризата во Мјанмар и кибернетската безбедноста.

Помпео е првиот висок официјален претставник на САД кој ја посетил Малезија, откако премиерот Махатир Мохамад беше ставен на функција по изборите во мај, наречени „историски“ од страна на висок официјален претставник на Стејт департментот.

„Ние го земаме предвид фактот дека за прв пат во историјата на Малезија гласовите отидоа во опозициска коалиција, што многу говори за управувањето и демократијата“, додаде официјалниот претставник на Стејт департментот.

Пред неговото патување, Помпео најави 113 милиони долари инвестиции за фокусирање на технологијата во Индо-Пацифичкиот регион, енергијата и инфраструктурата. Многумина оваа го сметаат за обид да ги убедат американските сојузници во посветеноста на Вашингтон кон регионот, особено по повлекувањето на Договорот за слободна трговија помеѓу Транс-Пацифичкото партнерство.

На враќањето кон Вашингтон, Помпео ќе ја посети Џакарта, Индонезија, за да се сретне со претседателот Јоко Викодо, за да го потврди сеопфатното стратешко партнерство со третата по големина демократија во светот.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG