Линкови за пристапност

Помпео учествува на самитот на АСАЕН во Тајланд


Средбата со делегација од Северна Кореја неизвесна

Државниот секретар на САД Мајк Помпео е во Тајланд каде учествува на самитот АСЕАН, кој се случува непосредно по тестот на балистички ракети од страна на Северна Кореја.

Помпео кој е домаќин на состанокот на САД и АСЕАН вели дека многу од државите во регионот имаат визија за безбедност, мир и просперитет во Индо-пацифичкиот регион.

Тој исто така ќе се осврне на американскиот економски ангажман во регионот.

Пред да пристигне во Тајланд, Помпео беше запрашан кога ќе продолжат средбите со севернокорејските претставници, на што тој одговори:

„Треба да ја завршиме прелиминарна работа. Никогаш не сакам да одредам датум, но се надевам дека средбата нема да биде одложена за подолг период. Специјалниот претставник Стефан Бигун ќе се сретне со неговиот нов колега од Северна Кореја “.

Стејт департментот потврди дека Бигун ќе биде дел од американската делегација во Бангкок.

Во минатото, самитот на АСЕАН беше искористен како можност за разговори помеѓу американските и севернокорејските претставници. Сепак, Северна Кореја сигнализираше дека нејзиниот врвен дипломат можеби нема да присуствува на годишната средба.

Помпео рече дека ќе се сретне и со неговиот кинески колега и дека ќе разговараат за поширок спектар на прашања. Билатералните разговори со Кина доаѓаат откако беа обновени американските и кинеските трговски разговори и кога Кина ги погрева тензиите во регионот со тоа што бара големи зафати на Јужното Кинеско Море.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG