Линкови за пристапност

Помпео рече дека Трамп сака намалување на трупите во Авганистан пред изборите


Објавувањето на ваква временска рамка ќе предизвика шпекулации дека претседателот е подготвен да постигне каков било договор со Талибан пред граѓаните да излезат на гласање

Потпретседателот на САД Мајк Помпео изјави дека претседателот Доналд Трамп сака да го намали бројот на трупи во Авганистан до следните претседателски избори, јави Ројтерс.

Стратегијата на Трамп за Јужна Азија, најавена во август 2017 година, предвиде распоредување на неодреден број војници, со цел да се овозможи Талибан да води мировни преговори со Кабул, за да се стави крај на речиси 18 - годишната војна.

Сепак, коментарите на Помпео открија промена откако почнаа разговорите со Талибан минатата година.

„Тоа е наредба од претседателот на САД“, рече Помпео за Економски клуб во Вашингтон, одговарајќи на прашањето дали очекува САД да ги намалат трупите во Авганистан пред наредните избори во ноември 2020-та година.

Објавувањето на временската рамка, пренесува Ројтерс, ќе предизвика шпекулации дека Трамп е подготвен да постигне каков било договор со Талибан за делумно повлекување на војници пред граѓаните да излезат на гласање.

Коментарите на Помпео дојдоа во чувствителен момент, како што Авганистан се подготвува за избори во септември, а САД се подготвуваат да учествуваат во друга рунда мировни преговори.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG