Триесет и тригодишниот Американец Бен Хоербер дошол до Украина во летото 2023 година.
„Мајка ми почина, па бевме само јас и татко ми. Му реков дека ќе одам во Украина, а тој рече дека знае оти не може да ме предомисли штом сум решил“, вели Хоербер.
Хоербер бил професор по култура и историја на Универзитетот на Северна Џорџија и секогаш сонувал да патува низ Европа.
Значи, кога војната започнала, тој го испратил својот автомобил во Белгија, потоа во Полска - и на крајот, во Украина, каде што почнал да го користи за испорака хуманитарна помош за регионот Запорожје. Набргу откако пристигнал, Хоербер се приклучил да волонтира во ковачницата на Роман Тринос.
Во Украина сум една година, а мојот украински не е премногу лош, секој ден разбирам сè повеќеБен Хоербер, американски волонтер
Жиците изгледаат токму како оние што се користат за спојување документи, но се многу поголеми и се користат за изградба на воени ровови и засолништа.
Роман Тринос цел живот е ковач. Пред 20 години изградил ковачница во својот двор. Од 2014 година, Тринос прави мали шпорети за украинската војска, а по руската инвазија во 2022 година, почнал да прави потпори.
„Има толку многу барања кои доаѓаат, не само до нас, до многу доброволни ковачи. Тешко е да се исполнат сите“, вели Тринос.
Тринос работи благодарение на донации. Тој вели дека може да си дозволи да купува околу еден километар од долгите тенки метални жици секоја недела.
Тоа може произведе доволно спојници за помеѓу 8 и 35 засолништа. За две и пол години од почетокот на војната, оваа мала ковачница испратила 235.000 метални рамки до првите линии.
Хоербер помага во ковачницата најмалку трипати неделно и испорачува хуманитарна помош во другите денови. Тој, исто така, помага при склопување на дронови и му предава англиски на локалното население. И колку повеќе помага, толку повеќе украински учи.
„Во Украина сум една година, а мојот украински не е премногу лош. Секој ден разбирам се` повеќе и повеќе, можам да се разберам“, посочува Хоербер.
Во февруари 2024 година, Хоeрбер отишол во Флорида да го посети својот татко, но брзо се вратил во Украина. Тој вели дека земјата разурната од војна е местото каде што се чувствува среќен овие денови.
„Мислам дека ќе останам и по завршувањето на војната, ќе има уште многу да се направи овде. Да, мислам дека ќе останам“, категоричен е Хоербер.