Линкови за пристапност

Polygraph.info: ВМРО-ДПМНЕ не го бојкотира референдумот


Проверка на информациите за ставот на најголемата опозициска партија во Македонија објавени во дел од руските медиуми

Извор на изјавата: Новинска агенција „РИА Новости“

„Дваесет и осум политички движења и организации, вклучувајќи ја најголемата опозициска партија ВМРО-ДПМНЕ, во Скопје потпишаа меморандум за соработка и формирање на штаб за кампања на бојкот на референдумот“.

Пресуда: Погрешно

Образложение: Според Договорот за името потпишан на 17. јуни годинава во Преспа на грчко-македонската граница, Македонија се согласи да го промени името, а Грција се обврза да не го блокира членството на Македонија во НАТО и Европската унија. На Самитот на НАТО во Брисел во јули, Македонија доби покана од лидерите на членките на воената Алијанса за започнување на преговорите за полноправно членство.

Во Македонија на 30. септември ќе се одржи референдум со следното прашање: „Дали сте за членство во ЕУ и НАТО со прифаќање на Договорот меѓу Република Македонија и Република Грција“.

Руската државна новинска агенција „РИА Новости“ на 8. август објави напис, во кој се тврди дека поранешната владејачка партија ВМРО-ДПМНЕ го бојкотира референдумот. Меѓутоа, лидерот Христијан Мицкоски неодамна изјави дека тие нема да им кажат на луѓето да бојкотираат.

Рускиот државен медиум наведе дека партијата потпишала меморандум за соработка за бојкот на референдумот. Точно е дека околу 30 македонски политички партии, групи и поединци потпишаа таков меморандум, но, ВМРО-ДПМНЕ не е во тоа друштво.

„Официјалниот став на партијата е да не изнесува позиција во однос на референдумот. Не е наша работа да им кажуваме на луѓето дали и како да гласаат, изјави Мицкоски неодамна на партиски митинг.

На последниот состанок на лидерството на ВМРО-ДПМНЕ, кој се одржа неделава, партијата не излезе со конечна одлука за референдумот.

Анонимен извор од лидерството на ВМРО-ДПМНЕ, за Polygraph.info потврди дека околу сто илјади членови на партијата ќе се воздржат од гласање.

„Вкупното членство брои околу 330 илјади членови, имаме сознанија дека околу 100 илјади ќе го бојкотираат референдумот. Овој „тивок бојкот“ е организиран од проруски струи во партиските редови, но, и од други групи и сили надвор од партијата, а платени од Русија,“ изјави нашиот извор, предводник на една од партиските фракции кои се против бојкот.

Оттаму го потврдија гореизнесеното дека ВМРО-ДПМНЕ нема потпишано никаков меморандум за бојкот на референдумот, како што претходно објави „РИА Новости“.

Целосната верзија на новинарскиот прилог на англиски јазик може да ја најдете на следниов линк:

https://www.polygraph.info/a/fact-check-macedonia-name-change-boycott/29486644.html

Автор: Polygraph.info - Независна редакција на Глас на Америка за проверка на факти и новинарски истражувања.

Вашите коментари може да ги испратите на Твитер и Фејсбук профилите: https://twitter.com/polygraphinfo; https://business.facebook.com/polygraphinfo/

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG