Линкови за пристапност

Полуподморницата во Охридското езеро ги привлекува туристите


Возењето трае 40 минути и почнува од градското пристаниште во Охрид
Возењето трае 40 минути и почнува од градското пристаниште во Охрид

Во секое годишно време, секогаш е различно езерото. Како надвор над водата, така и под водата се менува растителниот и животинскиот свет. Така во секое годишно време можете да видите како еволуира и како живее езерото, вели Стефан Стефаноски, капетан

Полуподморницата, со која може да се ужива во подводниот свет на Охридското езеро, за прв пат заплови пред четири години. Таа сега е една од најпрепознатливите атракции во Охрид, како за домашните така и за странските гости, објаснува Стефан Стефановски, капетан на полуподморницата.

„Ова е четврто лето со подморницата. Секоја година е се поинтересна и поинтересна. Луѓето ја шират како вирус оваа информација дека во Охрид има полуподморница. Имаме и нови туристи и наши и странци. Оваа година имаме доста од Англија и од цела Европа. Има и од Америка има доста од Аргентина, како и туристи кои доаѓаат преку балканските тури“, вели Стефан Стефановски, капетан на полуподморницата.

Возењето трае 40 минути и почнува од градското пристаниште во Охрид.

„Пловењето трае 40 минути. Се тргнува од главното пристаниште во Охрид. Се оди покрај брегот, одалечени 30-40 метри. Секогаш внимаваме да ги одбегнуваме пливачите. Се плови до крајот на градот од другата страна кај градска плажа или Даљан.Се враќаме назад за да се гледа и цел Охрид, стариот дел на Охрид“.

Стефан вели дека возењето со полуподморницата, создава чувство како да сте дел од живиот подводен свет во езерото.

Големи риби се појавуваат навечер од 21 часот до кога пловиме до 23 часот, бидејки преку ден се плашат од бучавата од луѓето

„Длабочината е од метар и половина. Вие слегувате по скалички долу. Седнувате на столчиња и се чуствувате како да сте дел од живиот подводен свет. Буквално како риба се чувствувате, а некои мислат дека се змија. Што може да се види? Може да се видат малечки и големи риби. Во овој период на летото се појавуваат змии кои не се опасни. Големи риби се појавуваат навечер од 21 часот до кога пловиме до 23 часот, бидејки преку ден се плашат од бучавата од луѓето. Може да се види и растителниот свет. Во моментот е многу развиен, има многу алги, реси, треви.Има и лотоси.Пловиме низ тунел со лотоси. Некои се превозбудени кога ќе поминуваме низ треските, некои се малку исплашени, но кога ќе видат дека нема никаква опасност се презадоволни“.

Во завсност од периодот на денот или пак во кој период на годината се возите, зависи и видливоста под вода.

„Кога ќе тргнеме излегуваме директно на старото пристаниште. Има некоилку стари колци поставени. Овде почнува возбудата. Малку подлабоко одиме, па доаѓаме кај мостот на желбите. Тука како да ползиме по дното.Тука е возбудливо. Јас мислам дека секое место од кога ќе тргниме, до кога ќе завршиме е возбудливо“.

Сепак неможе да се види Охридска пастрмка. Стефан објаснува и зошто.

„Охридска пастрмка не живее толку близу до брегот на во езерото. Пред два три дена видов водна желка. Тоа е нешто уникатно“.

Пред две години извадив шест канти со отпадоци. Ги маркирам местата и кога ќе сум слободен ги земам со подморницата луѓето да не гледаат

Дали има отпад во Охридското езеро?

„Околу отпадот јас секогаш реагирам. Пред две години извадив шест канти со отпадоци. Ги маркирам местата и кога ќе сум слободен ги земам со подморницата луѓето да не гледаат. За воља на вистината не е толку загадено Охридското езеро. Јас секогаш се трудам ако забележам некој отпад да го извадам со мојата компанија и служиме за доброто на езерото. Не е многу тешко, само треба воља и желба да го зачуваме езерото. Сето она што останува над вода и покрај езерото и тоа паѓа во вода и го гнасиме езерото.Затоа треба да се грижиме за него“.

A, езерото е убаво да се види во секое годишно време.

„Во секое годишно време, секогаш е различно, како надвор над водата, така и под водата се менува растителниот и животинскиот свет. Така во секое годишно време дојдете да го видите како еволуира и како живее езерото“.

XS
SM
MD
LG