Линкови за пристапност

Полска ја покажа воената моќ преку голема парада


Полскиот претседател Анджеј Дуда ги поздрави војниците на големата воена парада која требаше да го покаже одбранбениот потенцијал на Полска додека беснее војна во соседна Украина
Полскиот претседател Анджеј Дуда ги поздрави војниците на големата воена парада која требаше да го покаже одбранбениот потенцијал на Полска додека беснее војна во соседна Украина

Полска одржа масовна воена парада за да го прикаже своето најсовремено оружје и одбранбени системи, додека беснее војна во соседна Украина и пред парламентарните избори на 15 октомври.

Земјата на НАТО ја одржа парадата во нејзиниот главен град денес.

Претседателот Анджеј Дуда рече дека одбраната на источната граница е клучен принцип на државната политика.

Толпата се собра на жешките температури кои се очекуваше да достигнат 36 Целзиусови степени за да ги видат тенковите Абрамс од американско производство, мобилните артилериски системи ХИМАРС и ракетните системи Патриот, како и јужнокорејските борбени авиони ФА-50 и хаубици К9.

Откако Русија ја започна својата инвазија на Украина во февруари 2022 година, полската десничарска влада потроши повеќе од 16 милијарди долари на тенкови, системи за пресретнување на ракети и борбени авиони.

XS
SM
MD
LG