Линкови за пристапност

Тужба против плановите за намалување на стандардите за издувни гасови


Неколку сојузни држави го тужат претседателот Доналд Трамп и неговата администрација

Седумнаесет сојузни држави и главниот град Вашингтон ја тужат администрацијата на претседателот Доналд Трамп, заради плановите за ревидирање на строгите стандарди за ослободување на издувни гасови за моторните возила кои претходно беа усвоени од страна на Барак Обама.

Гувернерот на Калифорнија, Џери Браун ја објави тужбата во Сакраменто, обвинувајќи ја Агенцијата за заштита на животната средина за прекршување на законот.

„Загадувањето трајно го оштетува здравјето на децата. Единствениот начин на кој можеме да го надминеме ова е преку намалувањето на испуштањето на издувни гасови.“

Тој го обвини претседателот Доналд Трамп дека сака луѓето да купуваат повеќе бензин и со тоа да допринесат за поголемо загадување.

Во тужбата се наведува дека Агенцијата за заштита на животната средина дејствувала произволно и го прекршила Законот за чист воздух кога одлучиле дека стандардите за издувните гасови се превисоки.

Поранешниот претседател Барак Обама, во 2012 година одлучи дека до 2025-та година треба да се зголемат стандардите, на околу 21 километар по литар бензин. Целта беше да се намали загадувањето и да се прават енергетски ефикасни возила

Директорот на Агенцијата за заштита на животната средина, Скот Пруит, минатиот месец кажа дека одлуката на Обама е политички заснована, а стандардите се превисоки и не се „усогласени со реалноста“.

Пруит рече дека неговата Агенција ќе постави нови стандарди, така што новите автомобили ќе користат помалку бензин и ќе бидат побезбедни.

Но, еколошките групи велат дека американската јавност со големо мнозинство ги поддржува построгите стандарди.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG