Истражувачите од Универзитетот на Тасманија велат дека на островот Хендерсон кој е оддалечен повеќе од 5.000 километри од било кое населено место има околу 37,7 милиони парчиња пластичен отпад.
Или кажано со други зборови, на плажите на островот на квадратен метар има околу 671 парчиња пластичен отпад, за што истражувачите велат дека е најголема густина кога и да било регистрирана.
Џенифер Лејверс од Институтот за морски и антарктички студии вели дека таа никогаш не видела нешто слично:
„Хендерсон се наоѓа во итна ситуација. Најголема количина на пластика која ја имам видено во мојата кариера.“
Хендерсон е дел од островите Питкерн кои се британска територија, и лежи во средината на пацифичката спирална струја, која го прави „средишна точка“ за отпадот од Јужна Америка и од рибарски чамци.
Истражувачите велат дека примероците од остатоците земени на пет локации на островот ги увериле дека таму има повеќе од 17 тони пластика и секој ден се депонираат околу 3,570 нови парчиња.
Годишно во светот се произведуваат околу 300 милиони тони пластика, од кои голем дел не се рециклира.
Пластика се распаѓа многу бавно, и кога заврши во океанот таа лебди и може да доведе до „заплеткување дури и голтање“ од страна на рибите и птиците.
Facebook Forum