Линкови за пристапност

Загадувањето најголем убиец во светот


Во нова студија се вели дека загадувањето е убиец број еден во светот, предизвикувајќи повеќе смртни случаи од војните, тероризмот, природните катастрофи, цигарите и болестите.

Студијата објавена во медицинското списание „Лансет“ наведува дека загадувањето, во простории или надвор во 2015-та година убило околу 9 милиони луѓе или една од секои шест смртни случаи.

Во Индија, штетните гасови што доаѓаат од изгорената слама стигнуваат до главниот град, и во домовите на милиони жители.

Њу Делхи е на врвот на листата загадени градови во светот. Авторот на студијата вели дека загадувањето ги загрозува основните човекови права, како што се правото на живот, здравје, благосостојба, безбедна работа, како и заштита на децата и на најранливите категории на лица.

Во студијата се вели дека најголем дел од смртните случаи поврзани со загадувањето се во земјите во развој, каде што властите се позагрижени за развој на нивните економии и инфраструктурата отколку еколошките прописи.

Бангладеш, Кина, Хаити, Индија, Пакистан, Северна Кореја и Јужен Судан се некои од најпогодените земји.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG