Линкови за пристапност

Американската јавност скептична за напади во Сирија


Две истражувања на јавно мислење сугерираат дека меѓу Американците повеќето се против воена акција, но доколку други држави учествуваат тој процент е помал.

Американскиот претседател Барак Обама и некои водечки законодавци излегуваат со силни ставови на страната на воени напади против Сирија, но се чини дека има уште работа пред нив за да ја убедат американската јавност.

Истражување на Вашингтон Пост и ЕјБиСи Њуз најде дека 59 проценти од Американците кои биле анкетирани се против лансирање ракетни напади против сириската влада споредено со 36 проценти, кои се за. Истражувањето нашло дека поддршката за воздушни напади против Сирија пораснала од 36 проценти на 46 проценти доколку партиципираат други земји, како Британија и Франција.

Друго истражување изведено од Истражувачкиот центар Пју нашло дека оние кои се против воздушни напади се повеќе од оние кои се за, 48 проценти спрема 29 проценти.

Истражувањето нашло дека 74 проценти од анкетираните велат оти воздушни напади ќе резултираат во анти-американско расположение, додека 61 процент мисли дека тоа ќе води кон долготраен ангажман на американската армија.

Двете истражувања опфатиле над илјада лица, во периодот меѓу 29 август и 1 септември, пред претседателот Обама и врвните претставници на администрацијата да го започнат нивниот најнов напор за добивање поддршка. Маргината на грешка е од плус/минус 3,5 проценти.
XS
SM
MD
LG