Линкови за пристапност

Заплашување и измама на изборите во Авганистан


Набљудувачите велат дека парламентарните избори биле проткаени со извештаи за полнење на гласачките кутии, повторително гласање, гласање на лица под дозволената возраст, и употреба на лажни гласачки карти за идентификација.

Во извештај објавен во понеделник, Фондацијата за слободни и чесни избори во Авганистан кажа дека најголема загриженост предизвикуваат над 300-те наводни случаи на заплашување и принудување на гласачите од локалните воени профитери.

Покрај извештаите за закани, фондацијата кажа дека парламентарните избори биле обележани со извештаи за полнење на гласачките кутии, повторително гласање, гласање на лица под дозволената возраст, и употреба на лажни гласачки карти за идентификација. Групата имала околу 7.000 набљудувачи кои го следеле гласањето.

Портпаролот на претседателот Хамид Карзаи во понеделник кажа дека е премногу рано да се суди за квалитетот на саботните избори. Комисијата за изборни поплаки вели дека веќе примила повеќе од 700 жалби по затворањето на гласачките места.

Изборни официјални лица велат дека близу четири милиони Авганистанци гласале за кандидатите за 249 места во долниот дом на парламентот, познат како волеси џирга.

XS
SM
MD
LG