Линкови за пристапност

Истражување: Американците ја поврзуваат здравствената реформа со зголемување на даноците


Ново истражување на јавно мислење покажа дека 55 проценти од гласачите веруваат дека законот за здравствена реформа значи поголеми даноци.

Неодамнешно истражување на Квинипек покажа дека 55 проценти на гласачите во САД законот за здравствена заштита го гледаат како зголемување на даноците, додека 36 отсто одговориле негативно. Мнозинство од 49 проценти кажа дека законот за здравствена заштита треба да биде поништен.

Запрашани за имиграцијата, две третини од гласачите кажале дека сакаат имиграционен закон во нивната држава како оној на Аризона, што бара полицијата да го проверува имиграциониот статус на оние запрени од други причини, доколку полицијата се сомнева дека тие се во земјата нелегално.
XS
SM
MD
LG