Линкови за пристапност

Анкетите покажуваат дека Ромни ја добил првата дебата


Шеесет и седум проценти од анкетираните рекле дека Ромни бил подобар на првото соочување на двајцата кандидати.

Според две нови испитувања на јавното мислење, направени веднаш по дебатата, гласачите се изјасниле попозитивно за поранешниот гувернер на Масачусетс.

Анкета на Си-Ен-Ен покажува дека 430 регистрирани гласачи велат дека 67% од испитаниците веруваат дека Ромни е победникот од дебатата, споредено со само 25% кои рекле дека претседателот Барак Обама бил подобар.

Анкетата на Си-Би-Ес спроведена на преку 500 неопределени гласачи покажала дека 46% веруваат оти Ромни бил победникот во дебатата, 22% веруваат дека Обама бил подобриот, а 32% сметаат дека обајцата биле изедначени.

И Обама и Ромни денеска ја продолжија кампањата, барајќи поддршка на гласачите за изборите во ноември.

Ромни отиде во Вирџинија, а Обама ја продолжи кампањата во Денвер, Колорадо, по што заминува за Висконсин.
XS
SM
MD
LG