Линкови за пристапност

Мнозинството Американци не ги одобруваат протестите против рестрикциите за КОВИД-19, покажува ново истражување


Согласно нова јавна анкета, спроведена од Асошиетед прес и Школата за религиски прашања на Универзотетот на Чикаго, 55 отсто од Американците се изјасниле дека не се согласуваат со таквите протести

Мнозинството Американци не ги одобруваат протестите против рестрикциите за спречување на ширењето на коронавирусот, објави Асошиетед прес.

Согласно нова јавна анкета, спроведена од Асошиетед прес и Школата за религиски прашања на Универзитетот на Чикаго, 55 отсто од Американците се изјасниле дека не се согласуваат со таквите протести, додека 31 процент од испитаниците ги одобриле протестите.

Истражувањето, исто така, открива дека 71 отсто од Американците ги поддржуваат наредбите за седење дома, и излегувањето само за суштински потреби, што пак претставува намалување на процентот во споредба со од пред две недели, кога 80 отсто од граѓаните ги одобрувале овие рестрикции.

Слично, 67 отсто од американските граѓани сега поддржуваат забраните за работа на баровите и рестораните, за разлика од претходно, кога поддршката за вакво нешто изнесувала 76 проценти.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG