Линкови за пристапност

На колено за време на химната - (не)патриотско?


Околу 60 проценти од американските гласачи велат дека протестот на играчите не е непатриотски

Во најново истражување на јавното мислење на Универзитетот Квинипек, се вели дека мнозинството Американци веруваат оти протестот со клечење на играчите од Националната фудбалска лига за време на интонирањето на националната химна, не е непатриотски чин.

Околу 60 проценти од испитаниците велат дека клечењето на играчите не е непатриотски, споредено со 35 проценти кои чувствуваат дека тоа е непатриотски чин.

Поделеноста е повидлива кај републиканските гласачи. 70 проценти веруваат дека протестот не е патриотски, додека само околу четвртина веруваат спротивно.

Белите гласачи без високо образование се речиси подеднакво поделени по прашањето. Според преку половина од испитаниците, професионалните спортисти имаат право да протестираат на локациите каде настапуваат, споредено со 43 проценти кои сметаат дека не можат.

Ако се земе во предвид расата, анкетата покажува широка поделеност околу тоа дали спортистите имаат право да протестираат на теренот или не. Афроамериканските гласачи со маргина 8 наспроти 1 се изјаснија дека играчите имаат право да протестираат, додека кај гласачите од Латиноамериканско потекло, маргината е 2 наспроти 1.

53-ца од белите гласачи рекле дека тие немаат право, во споредба со речиси 45 проценти кои рекле дека имаат.

Нешто повеќе од половина од американските гласачи ја поддржуваат новата политика на Националната фудбалска лига, која налага играчите да стојат за време на интонирањето на химната, додека 42 процента рекле дека не се залагаат.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG