Линкови за пристапност

Анкета: Американците ја одобруваат работата на Џо Бајден


"Да" за справување со пандемијата, "не" за справувањето со безбедноста на границите и имиграцијата

Мнозинството Американци го одобруваат целокупниот учинок на американскиот претседател Џо Бајден, при крајот на неговите први 100 дена на функцијата, покажаа двете национални анкети, со позитивни оценки за неговото справување со пандемијата и негативни критики за контролата на мигранти на границата со Мексико.

Истражувањето на Вашингтон Пост и Еј-Би-Си Њуз покажува дека 52 проценти од возрасните му даваат на Бајден поволен преглед во споредба со 42 проценти кои се против. Анкета на Ен-Би-Си Њуз му дава на Бајден 53 -39 проценти поволен рејтинг.

Двете анкети покажуваат дека длабоката политичка поделба на земјата не е променета од изборите во 2020-та година, на кои Бајден го победи тогашниот претседател Доналд Трамп со тесно освојување на неколку клучни политички држави на пат кон четиригодишен мандат во Белата куќа.

Анкетата на Вашингтон Пост и Еј-Би-Си Њуз покажа дека 90 проценти од демократите го одобруваат работењето на Бајден во споредба со 13 проценти од републиканците, додека истражувањето на Ен-Би-Си вели дека 90 проценти од демократите, 61 проценти од независните и само 9 проценти од републиканците го одобруваат неговиот учинок.

Според анкетите, Бајден освои највисоки оценки за справувањето со пандемијата, со повеќе од 226 милиони вакцинирани луѓе кои примиле барем една вакцина и над 93 милиони луѓе целосно вакцинирани.

Но, според анкетите, перформансите на Бајден за други прашања се послаби.

Анкетата на „Вашингтон Пост-Еј-Би-Си“ вели дека 46-от претседател на земјата има 52 проценти рејтинг за справување со економијата, додека 53 проценти не го одобруваат начинот на кој тој се справува со илјадниците мигранти од Централна Америка и Мексико кои се обиделе да влезат во САД. Бајден, ја смени политиката на Трамп, им дозволи на малолетниците без придружба да останат во САД, наместо да бидат протерани.

Според анкетата на Ен-Би-Си, неговите најниски резултати се однесуваат на справувањето со Кина (35%), ограничувањето на оружјето (34%) и справување со безбедноста на границите и имиграцијата (33%).

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG