Линкови за пристапност

Ромни – уште еден републикански глас против Трамп


Група од 60 републикански ветерани за надворешна политика потпишаа писмо велејќи дека Tramp „ќе ја направи Америка помалку безбедна”

Поранешниот претседателски кандидат номиниран од Републиканската партија, Мит Ромни во четврток планира да се приклучи на засилените напори за запирање на маршот на милијардерот Доналд Трамп кон партиска номинација, нарекувајќи го бизнисменот „лажго“, според подготвените белешки доставени до медиумите.

„Неговите ветувања се безвредни како и дипломата од Универзитетот на Трамп“, стои во белешките обезбедени од Ромни.

Тој ќе зборува во Институтот за политички форум во Солт Лејк Сити, при Универзитетот на Јута.

Ромни, номиниран од партијата во 2012, се` повеќе коментира за Трамп изминатите денови, критикувајќи го одбивањето на лидерот на републиканската претседателска трка да ги објави даночните информации и неговото првично колебање да се огради од поддршката на поранешен лидер на Кју Клукс Клан, група за супремација на белците.

Во меѓувреме, четворицата преостанати Републиканци во претседателската трка се подготвуваат за дебата во четврток навечер во Мичиген.

Група од 60 републикански ветерани за надворешна политика потпишаа заедничко писмо објавено во средата навечер со кое опонираат на Трамп, велејќи дека „тој ќе постапи на начин што ќе ја направи Америка помалку безбедна, а ќе ја намали позицијата на државата во светот“.

XS
SM
MD
LG