Американската претседателска изборна кампања стана забележително погнасна последниве 24 часа, при што се користат лични напади за другата страна.
Претпоставениот републикански кандидат Мит Ромни во среда кажа дека кампањата на претседателот Барак Обама е за „поделба, напади и омраза“. Зборувајќи за телевизиската мрежа CBS, републиканскиот предизвикувач исто така го обвини Обама дека „се кандидира само за да се одржи на власт“ и дека е подготвен „да стори се`“ за да ги добие изборите.
Забелешките на Ромни дојдоа откако потпретседателот Џо Бајден, зборувајќи во вторникот на собир во сојузната држава Вирџинија, што вклучи стотици Афроамериканци, кажа дека повикот на Ромни за помала регулатива во финансиската индустрија ќе ги стави гласачите „назад во окови“.
Кампањата на Ромни силно ги критикуваше забелешките на Бајден, обвинувајќи го Обама за водење кампања на „омраза“.
Од своја страна, кампањата на Обама во среда кажа дека последните забелешки на Ромни изгледаат „одлепени“. Ромни одговори дека „одлепено“ е карактеристика на она што до сега е видено во кампањата на претседателот. Тој додаде дека „личните напади“ на претседателот се „навредувачки за канцеларијата на Белата куќа“.
Републиканската национална конвенција ќе се случи последната недела на Август во Тампа, Флорида.
Демократската национална конвенција ќе се одржи неделата потоа во Шарлот, Северна Каролина.