Линкови за пристапност

Сега има опција, на ред е сите да се однесуваат демократски


Сега има опција, на ред е сите да се однесуваат демократски
please wait

No media source currently available

0:00 0:02:04 0:00

Новата влада треба да изгради доверба кај граѓаните во владеење на правото и слобода на говорот, вели Пол Мекарти од ИРИ, по вчерашното доделување на мандатот

Предавањето на мандатот на лидерот на СДСМ Зоран Заев од страна на претседателот Ѓорге Иванов, е вистински чекор кон разрешување на политичката криза, вели Пол Мекарти, заменик-директор за Европа, при Меѓународниот институт ИРИ во Вашингтон.

„Сега кога има опција, се надеваме дека сите страни ќе постапуваат според демократските правила за придвижување напред, и оти ќе може да се формира новата влада. Очекуваме дека ќе ги следи советите на меѓународните актери, за да има напредок. Оптимистичен сум дека ќе видиме подобрување на ситуацијата во Македонија“, изјави Мекарти.

Тој вели дека најновата анкета на ИРИ покажала голема загриженост и песимизам за политичката ситуација, како на државно, така и на локално ниво.

„Новата влада навистина треба да изгради доверба кај граѓаните во владеење на правото и слобода на говорот, каде нашата анкета покажа дека луѓето имаат најмалку доверба“, објаснува тој.

Според него, локалните избори во октомври ќе бидат од големо значење за одредување на правецот на кризата во државата.

„Се надеваме дека изборите, ако се случат во октомври, ќе се завршат без пречки, и граѓаните ќе можат слободно да го дадат нивниот глас, бидејќи на локално ниво, можат одблизу да ја видат работата на владата. Затоа и се многу важни овие избори“, рече Мекарти.

Резултатите од најновата анкета покажале и зголемена доверба кон САД, за разлика од Европската унија, за која граѓаните искажале недоверба.

Според него, загрижувачко е влијанието на Русија во Македонија, поради опасност да се меша во политичкиот процес во државата.

Флоријан Бибер, директор на Центарот за студии на Југоисточна Европа, вели дека ако новото парламентарното мнозинство ја преземе власта на мирен начин, ќе покаже дека автократскиот тренд може да биде прекинат. Во спротивно, вели тој, ќе има друга последица.

„Русија некогаш не била заинтересирана за Македонија, но, ако не се реши ситуацијата, ќе го искористи моментот за собирање поени кај старата влада“, изјави Бибер.

Тој додава дека постои можност кризата во Македонија да се одрази и врз стабилноста на Западниот Балкан.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG