Линкови за пристапност

Новa технологија за вклучување на граѓаните во политиката


Старт-ап компании прават технолошки алатки, кои ќе го заменат стариот начин на политички ангажман, преку креирање нови начини на кои луѓето можат да бидат вклучени

Се воведуваат нови технолошки алатки, кои ќе им помагаат на луѓето, што се` уште не можат да одлучат кој би сакале да биде претседател на САД, на пример.

Старт-ап компании прават производи, кои се обидуваат да го променат однесувањето на граѓаните, како и да го зголемат нивното политичко учество.

Една од нив, која не постоеше во последните претседателски избори е „Бригад“ – непартиска телефонска апликација и веб страница.

Коосновачот и извршен директор Мет Механ вели дека за да може да се зголеми граѓанското учество во политиката, треба да се решат неколку проблеми.

„Треба да им овозможиме на луѓето лесен пристап до информации, кои им се потребни да донесат одлуки. Но, исто така треба да предвидиме тие да бидат дел од социјални животи на граѓаните, како на пример кога разговараат со пријателите. Треба да создадеме културни норми околу политичкото учество“, вели Механ.

Некои луѓе во светот на технологијата велат дека алатките го заменуваат стариот начин на политички ангажман, преку креирање нови начини на кои луѓето можат да бидат вклучени.

Учесниците исто така можат да видат како нивните гледишта и ставови се совпаѓаат со оние на политичките кандидати, и на тој начин се одлучуваат за одреден кандидат.

Друга старт-ап компанија во Сан Франциско е „Кроудпек“, која не беше активна во последната претседателска трка.

„Ние користиме технологија за да се обидеме да му помогнеме на обичниот граѓанин да се поврзе и да се вклучи во политиката“, вели коосновачот Жизел Кордестани.

Компанијата обезбедува информации за луѓето кои се во трка за да добијат позиција, а им помага на луѓето и да ги најдат и поддржат кандидатите кои имаат исти погледи како нив.

Кордестани вели дека технолошките компании, кои прават промени во традиционалниот начин на вклучување на луѓето во политиката, се пример зошто политичарите треба да посветат поглемо внимание на Силиконската долина.

XS
SM
MD
LG