Според научници од Американската асоцијација за психологија, 57 проценти од Американците велат дека „актуелната политичка клима“ е главен или делумен извор на нивниот стрес.
Речиси половина од Американците, или 49 проценти, рекле дека исходот од претседателските избори бил исто така извор на стрес, но имало разлика во тоа од која партија биле испитаниците.
Седумдесет и два процента од учесниците во истражувањето – припадници на Демократската партија, рекле дека исходот од изборите во ноември бил стресен, додека кај републиканците, оваа бројка изнесува 26 проценти. На прашање за иднината на земјата, 59 проценти од републиканците рекле дека чувствуваат стрес, наспроти 76 проценти кај демократите.
Во истражувањето од јануари се додава дека процентот на Американците кои рекле дека актите на тероризам биле извор на стрес, се зголемил од 51 на 59 проценти, споредено со неколку месеци претходно.
Образованието исто така важело за фактор во нивото на стресот кај Американците. На пример, 53 проценти од оние со повеќе од средно образование, пријавиле стрес причинет од исходот на изборите. За споредба, оваа бројка за лицата со средно образование или само основно, изнесува 38 проценти.
Географската локација се чини дека исто така има улога - 62 процента од лицата во урбаните области кои пријавуваат стрес, споредено со 45-те проценти во предградијата и 33 проценти во руралните области.
Зголемениот стрес може да резултира со здравствени проблеми, вели Американската асоцијација за психологија, додавајќи дека лицата кои се пожалиле на влошување на здравјето, се зголемил од 71 на 80 проценти. Меѓу проблемите се главоболки, анксиозност и депресија.
Американската асоцијација за психологија препорачува дека оние кои стресот го поврзуваат со изборите и политичката клима, можеби треба да направат пауза од вестите и да се ангажираат во некоја друга активност.
Кетрин Нордал, извршната директорка на Асоцијацијата, заклучува:
„Читајте доволно за да останете информирани, но потоа планирајте активности коишто ви даваат редовна пауза од прашањата и стресот кој можно е да го причинуваат. Воедно, запомнете да се грижите за себе, и да обрнувате внимание на другите области од вашиот живот“, истакна Нордал.