Линкови за пристапност

Кризата во Македонија се одразува врз нови работни места


Кризата стопира нови работни места
please wait

No media source currently available

0:00 0:01:49 0:00

Политичката ситуација влијае врз намалување на бројот на договорите за работа, како и врз инвестициите, смета ССМ.

Политичката криза се одрази врз економијата во Македонија, најмногу врз отворањето нови работни места, велат експерите. Според нив, долгото чекање на решение на македонската политичка криза ја оддалечува земјата од дополнителни инвестиции.

Бизнис конфедерацијата и Сојуз на синдикати на Македонија (ССМ) повикуваат на брза разрешница на актуелната ситуација.

Миле Бошков, извршен претседател на бизнис конфедерацијата на Македонија, за Гласот на Америка, вели дека психолошкиот терет од кризата директно влијае на слободната мисла за бизнис и инвестирање.

„Најавите се навистина сериозни, меѓутоа на нас останува одговорноста. Кои би биле последиците, е навистина тешко да се шпекулира и да се претпоставува, бидејки секој во својот бизнис концпет прво прави план за безбедност на инвестициите и за безбедност на бизнисот. Апелираме до политичарите, кои се најголеми креатори на социоекономската политика во државата, да одлучат како ќе се договорат и тоа да го направат“, вели Бошков.

Тој додава дека македонските компании тактизираат со нови инвестиции оти мора да знаат што ќе се случува со деловната клима, која пак, е поврзана со политичката состојба.

И аналитичарот Петар Арсовски вели дека се повеќе ќе се засилува негативното влијание врз економскиот сектор.

„ Не знаеме до кое ниво е економската состојба во државата, бидејки не го знаеме јавниот долг, не знаеме со кое темпо се задолжуваме. Не ги знаеме субвенциите кои ги исплаќа државата на тие фамозни странски инвеститори, така што немаме реална претстава до каде ни е економијата. Тоа нема да го дознаеме се додека власта упорно ги крие тие податоци“, вели Арсовски.

Арсовски не е оптимист дека набргу ќе има разрешница на кризата, бидејки како што вели, не постои суштинска политичка волја за спроведување на потребните реформи.

Претседателот на ССМ Живко Митревски предупредува дека поради кризата може да биде доведено во прашање отворањето нови работи места.

„Она што е важно е политичката криза во Македонија да се реши колку што е можно побрзо, со цел да не предизвикува понатамошни последници. Според јавувања кои ги имаме од терен, очигледно беше дека оваа криза влијаеше врз намалување на бројот на договорите кои се потпишуваат, намалување на бројот на оние договори кои се очекуваат да бидат потпишани, како и на инвестициите“, вели Митревски.

Влијанието на кризата врз економкста ситуација, проценуваат експертите, ќе се почувствува и во другите градови низ Македонија.

XS
SM
MD
LG