Линкови за пристапност

Ако не се искорени детската парализа во Авганистан и Пакистан, би можела да се рашири во цел свет, предупредуваат здравствените експерти


Утре се одбележува Светскиот ден на борба против детската парализа

Утре се одбележува Светскиот ден на борба против детската парализа, од која порано се разболуваа стотици илјади деца годишно. Само во Африка, на годишно ниво, имаше по 75.000 заболени.

Здравствените експерти велат дека тоа повеќе не е случај, и оти африканскиот регион е исчистен од оваа болест.

Пред повеќе од 50 години беше развиена вакцина, со која се стави крај на детската парализа во развиениот свет.

Оваа болест се` уште ја има само во Авганистан и Пакистан. Во двете држави има повторно ширење на вирусот изминативе две години. Во Пакистан, поради насилство и конфликт, лицата се селат во сиромашни заедници со лоши здравствени и хигиенски услови.

Иако светот се доближува до целосно искоренување на оваа болест, ако не се исчисти во Авганистан и Пакистан, би можела повторно да се рашири во цел свет, предупредуваат здравствените експерти.

Пандемијата на ковид-19 е одличен пример за тоа како можат да се шират вирусите, велат тие

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG