Линкови за пристапност

Полицијата ја отстрани Грета Тунберг од блокирањето на шведскиот парламент


Шведската полиција во вторникот насилно ги отстрани Грета Тунберг и другите активисти за климата кои втор ден го блокираа влезот на парламентот, бркајќи ги со полициско комбе.

Двајца полицајци ја кренале Тунберг и ја одвлекле на околу 20 метри од вратата што ја попречувала пред да ја спуштат на земја.

Стокхолмската полиција соопшти дека иако активистите имале право да демонстрираат пред парламентот, меѓу пет и 10 лица биле отстранети поради блокирање на влезот.

Тие одбија да коментираат за конкретни поединци.

Тунберг и десетици други активисти за заштита на животната средина почнаа да ги блокираат главните влезови на шведскиот парламент во понеделникот во знак на протест против ефектите од климатските промени и, како што велат, политичката неактивност.

Активистите заминаа во понеделникот попладне, но се вратија на протести во вторник наутро.

Тунберг (21) стана заштитно лице на младите активисти за климата додека нејзините неделни протести, почнувајќи од 2018 година, пред шведскиот парламент брзо прераснаа во глобално младинско движење со големи протести низ повеќето контитенти.

Минатата година Тунберг беше приведена од полицијата или отстранета од протестите во земји како Шведска, Норвешка и Германија.

Британскиот суд минатиот месец ја ослободи од обвиненијата за прекршување на јавниот ред, бидејќи судијата пресуди дека полицијата нема овластување да ја уапси неа и другите на протестот во Лондон минатата година.

Извор: Ројтерс

XS
SM
MD
LG